Габриел: Германија и Русија имаат различен став за мировните сили во Украина

Германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел денеска изјави дека Германија и Франција застапуваат различни позиции од Русија по прашањето за распоредувањето на мировни сили на ОН во источниот дел на Украина.
Киев и Москва предлагаат ОН да испрати мировни сили, кои ќе помогнат во решавањето на сепаратистичкиот конфликт во Украина, меѓутоа двете страни имаат несогласувања во однос на тоа дали тие сили да бидат распоредени на украинско-руската граница, што е под контрола на бунтовниците.
Како што јави МИА, претходно Германија, Франција, Русија и Украина, водеа преговори за прекин на конфликтот, при кој досега загинаа над 100.000 лица.
- Гледиштата на Германија и Франција и позицијата на Русија за тоа како да биде оформена мисијата на сини шлемови, се уште се драстично различни, нагласи Габрил во Белорусија.
Тој оцени дека испраќањето на мировни сили би претставувало вистинска шанса за прекинување на огнот во реонот на Донбас.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
