ФЗОМ: Ханета и Ивана се уште немаат конзилијарно мислење за да одат на лекување во странство
Во врска со апелите за лекување во странство за осигуреното лице Х.С. Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена клиника, нема поднесено барање за лекување во странство и поради тоа закажа преглед на Универзитетската клиника за ортопедија во петок, каде лекарите ќе го дадат својот наод и стручно мислење. Доколку биде поднесено барање за лекување во странство, Фондот во законски утврдените рамки ќе донесе одлука.
11-годишната Ханета Салиу боледува од деформитет на ‘рбетот. Дел од нејзината дневна рутина се третманите потребни за подготвување за операција која треба да се изврши по две месеци во болница во Анкара.
Истовремено, ФЗОМ информира во врска со апелот за донација и на осигуреното лице И.П. чии родители Фондот ги контактираше и исто така утврди дека сеуште немаат добиено конзилијарно мислење, ниту пак имаат доставено барање до Фондот, поради тоа закажан е преглед во петок на Универзитетската клиника за ортопедија, за да можат лекарите да дадат наод и стручно мислење.
Малата Ивана Прочкова од Богданци боледува од сколиоза (искривување на ‘рбетот) од најрана возраст. Ивана денес има 9-години и потребно е да направи операција во Неустад – Германија која чини 50.000 евра.
Фондот максимално брзо одговори ќе излезе во пресрет и ќе одговори на барањето за лекување во странство за осигурените лица, доколку е конзилијарно потврдено од соодветните клиники и во согласност со законските прописи.
Ново на Сител
-
Вкупно 72 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство
-
Започнува контролата на сите кабареа, дискотеки или ноќни клубови
-
Притвор за Бектеши
-
Таравари: Ве молам не објавувајте фотографии од повредените
-
ВЛЕН во центарот на Дебар му оддаде почит на Андреј ДНК
-
Авиoн на грчкoтo воeно воздухопловство вечервa од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени
-
Во Пустец оддадена почит на загинатите во трагедијата во Кочани
-
Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија