ФЗОМ донираше детски играчки во четири ЈЗУ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања Козле, Клиничката болница – Тетово и Општата болница – Охрид, донираше играчки камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца, со кои ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години кои се хоспитализирани во тие јавни здравствени установи.
Од ФЗОМ соопштија дека преку бројните проекти кои ги реализираат продолжуваат со грижата за своите осигуреници.
- Се надеваме дека оваа донација на детски играчки барем за миг ќе им го разубави престојот во болница. Грижата и посветеноста на Фондот е сите осигуреници да го остварат правото на здравствено осигурување, како и подобрување на квалитетот, професионалноста и хуманоста на вработените во здравствениот систем, стои во соопштението од ФЗОМ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
