-->
-->
Фулам се насочи кон Тодибо
-->
Англиски Фулам се насочи кон францускиот дефанзивец на Барселона, Жан-Клер Тодибо, информира „Марка“. Клубот од Островот нуди 18 милиони евра за услугите на дефанзивецот висок 190 сантиметри, а други 5 милиони се обезбедени во форма на бонуси.
Раководството на Барселона се согласува со условите, но самиот фудбалер се повлече затоа што не сакал да замине во Фулам. Тодибо беше донесен во Барселона од Тулуз во јануари минатата година.
Дел од сезоната 2019/2020 тој ја помина на позајмица во Шалке 04, но Германците не ја искористија можноста да ги откупат неговите права.
Се очекува Тодибо да биде новиот фудбалер кој го напушта „Камп Ноу“. Пред него истото го сторија Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Луис Суарез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
