-->
-->
Фудбалските школи бараат помош од ФФМ и АМС
-->
Пандемијата предизвикана од коронавирусот ги замре фудбалските школи каде тајните на фудбалската игра ги изучуваа илјадници дечиња. Стопирањето на работата особено тешко се одразува на тренерскиот кадар кој остана речиси без никакви приходи за егзистенција. Од тие причини заеднички испратија апел за помош до ФФМ и Агенцијата за млади и спорт:
„Фудбалските клубови и школи кои работат со млади категории, односно тренерите и останатите лица кои помагаат во клубовите сакаат да ја известат јавноста за следното:
Одкако стапија во сила мерките на владата во врска со пандемијата COVID – 19, имаме забрана за вршење на нашата дејност односно спортски тренинзи, која сите до еден од фудбалските клубови доследно ја почитуваме. Тоа директно ги засега тренерите во клубовите затоа што остануваат без работа и без финансиски средства за егзистенција. Напоменуваме дека во тренажниот процес се вклучени 6000 фудбалерчиња на возраст од 7 – 15 години, кои што се регистрирани во COMET системот на ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА под капата на УЕФА И ФИФА.
Со цел решавање на настанатата ситуација без наша вина, и изнаоѓање решение, бараме итен состанок ( може и линковски ) на нашите претставници и претставниците на ФФМ и Агенција за млади и спорт.
Напоменуваме дека работата со деца во фудбалот и воопшто во спортот е многу хумана и благородна работа, но воедно и многу одговорна, тешка и слабо платена во нормални услови. Исто така ве известуваме дека секој од нас писмено и електронски веќе има доставено барања до двете институции.
Имаме конкретни предлози и критериуми и се надеваме дека ФФМ И Агенцијата за млади и спорт ќе го уважи нашето барање за состанок.
Ја поздравуваме македонската фудбалска и спортска јавност, со надеж дека што поскоро ќе се затркала топката на фудбалските терени.
Со почит :
ФK Ла Масиа, ФК Академија Постолов – Пандев, ФК Кул Здравје, ФК Њу Старс, ФК ЛГ Спорт, ФК Спорт ефе – Вардар, ФК ОСК Фер плеј, ФК Јанг Тим, ФК Фудбал кидс, ФК Охрид топ тим, ФК Еврофудбал 2, ФК Драчево јуниор, ГФК Неготино, ФК Дрим тим, ФК Нова Колонија, ФК Форца – Вардар, ФК Тиквеш, ФК Звезда 2015, ФК Рудар јуниор, ФК Професионал, ФК Фц Копенхаген, ФК Виктори 2017, ФК Олимпик Старс, ФК Карев, ФК Академија Младост – Тошев, ФК Кичево, ЖФК Атлетико, ФК Фудбал Старс, ФК Форца, ФК Форца – Штип, ФК Ускана, ФК Талент, ФК Глас Оризара – 2017, ФК Академија Нацев, ФК Каменица – САСА, ФК Лепенец, ФК Тони, ФК Борец Јуниор, ФК Еуро спорт, ФК Камјани, ФК Лека – Зајази, ФК Арсими, ФК Мал Ајакс, ФК Фит Кид, ФК Топ Гол, ФК Беса и ФК Лека“ се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
