-->
-->
Фудбалската Академија на ФК Вардар ги отвора вратите за младите
-->

Под мотото „Биди и ти шампиони – Биди Вардар“ најтрофејниот македонски фудбалски клуб им овозможува на сите заинтересирани млади фудбалери, генерации од 2002 до 2010 да бидат дел од подмладокот на „црвено-црните“ преку членување во Академијата на клубот.
- Со изградбата на новата фудбалска Академија која поседува соодветна инфраструктура, Македонија доби институција за развој на млади фудбалски таленти и со неа може да конкурира со најдобрите во Европа. Стратешки приоритет на фудбалската Академија на ФК Вардар е фудбалскиот и телесен развој на идните врвни вардаровци и репрезентативци. Затоа ги повикуваме младите кои имаат желба да бидат дел од шампионот Вардар, да се запишат во Академијата, информираат од ФК Вардар.
Уписите ќе траат од 10 до 31 август, секој работен ден од 9 до 21 часот. Месечната членарина е 800 денари, а тренинзите започнуваат од 1-ви септември.
Најталентираните понатаму ќе добијат можност да бидат дел од професионалните групи на фудбалската академија Вардар.
ФК Вардар го започна и најголемиот младински проект „Вардар Јуниор лига“. Овој проект има за цел да го поттикне интересот за фудбалот меѓу младите таленти низ цела Македонија, како и да им овозможи на младите соодветни услови за развој при изучувањето на тајните на фудбалската игра, под стручна подготовка на 15 професионални тренери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна