Loading Video...
Фудбал
22. March 2020 - 13:07

Фудбалери на Баерн собраа над 3,5 милиони евра во борбата со Коронавирусот

Иако федерациите и клубовите се повеќе размислуваат за кратење на платите на спортистите, но и воопшто не исплаќање на истите, се поголем бројот на спортисти кои пак решија да донираат средства кои ќе помогнат во борбата со Ковид-19 вирусот
 
Откако тоа веќе го направија неколкумина кошаркари во НБА лигата, вчера и Формула 1 шампионот Луис Хамилтон, последните во низата кои се огласија се и неколкумина фудбалери на минхенски Баерн 
 
Голгетерот Роберт Левандовски и неговата сопруга Ана, донираа 1.милион евра во борбата против пандемијата на коронавирус. 
 
Тимските колеги на Поњакот, Леон Горецка и Цошуа Кимич, веќе го формираа фондот наречен „We Kick Corona“ за борба против епидемијата.
 
Тие започнаа со сума од еден милион евра, но фондот веќе се собра повеќе од 2,5 милиони евра за кои добротворните организации и социјалните институции ќе можат да аплицираат за средства од организацијата и тоа на веб-странита на фондот. 
 
Во групата спортисти кои донираа свои финансиски средства е и напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане, со значителна финансиска донација.