-->
-->
Фудбалер на Рома и многу пејачи: Овие познати личности го плаќаа скапото лекувањето на Дона Арес
-->

Познатата босанска пејачка Азра Колаковиќ позната како Дона Арес по долго боледување со ракот почина вчера на 41 годишна возраст, а во борбата со ракот тука беа и познатите личности од естрадата на која таа вечно ќе им биде благодарна.
Пејачката инаку никогаш јавно не ги криела сите оние кои што и помагаа и беа тука за неа во секоја смисла на зборот последните неколку години додека се бореше со болеста.
- Финансиски многу ми помагаат, а нај веќе Халид Бешлиќ и Осман Хаджиќ кои одма ми се јавија за да ми пружат помош. Јас не можев да работам во тој период и за моите лекови тие собираа пари. Првата терапија ме чинеше 2.500 евра, а потоа преку неколку фармацевтски компании успеав да добија и попуст и плаќав само 1.500 евра по терапија. И тоа секако е голема цифра кога не работите, а при тоа да плаќате и инфузии, храна…ова го изјави Дона пред извесен период за српските медиуми.
Таа тогаш додаде и дека Саша Матиќ и обезбедил неколку скапи лекови, а свој придонес во лекувањето на Дона дадоа и Маја Беровиќ, и фудбалерот Един Џеко.
- Најголемата морална поддршка секогаш ми ја дава Јелена Карлеуша, а драго ми е што во една емисија Драгана Катиќ изјави дека ме сака и ми порача да се држам во моментите кога јас буквално се распаѓав бидејќи бев во најлошата фаза од болеста, а тие зборови мене ми помогнаа да мислам на убави работи, вели Дона во неодамнешната своја изјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин