Фудбал
3. December 2015 - 12:18

Фудбалер на Лацио загуби прст?!

Фудбалерот на Лацио, Сенад Лулиќ, доживеал ужасна повреда за време на тренингот, откако останал без домалиот прст на десната рака.
 
Клубот не соопштува како се случил инцидентот, само информира дека Лулиќ, по инцидентот кој се случил во средата за време на тренингот во теретана, веднаш бил хоспитализиран.
 
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина веднаш бил опериран, му била вградена реконструкција на домалиот прст, бидејќи доживеал ампутација на горниот дел од прстот, како и фрактура на средниот прст на десната рака.
 
Извесно е дека Лулиќ два до три дена ќе остане во болница, а во клубот веруваат дека пред Нова година ќе се врати на фудбалските терени.