-->
-->
Фудбал (У-21): Македонија ја совлада Црна Гора со 2:0
-->
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година славеше победа над Црна Гора со 2:0.
Новата генерација на играчи 21 година, која ќе настапи во следниот циклус на квалификации за ЕП, попладнево на теренот „Петар Милошевски“, во пријателски натпревар беше подобра од соодветната селекција на Црна Гора.
Избраниците на Благоја Милевски успешно го минаа првиот „тест“ и покажаа дека селекцијата која се пласира на Еп во Полска годинава ќе има добри наследници.
Македонија доминираше во текот на целата средба, а како резултат на таквата игра беа и двата гола, првиот во 31.минута кога Ељиф Елмас ја затресе мрежата на Црногорците, а вториот го постигна Костадин Чешмеџиев од пенал.
На 28 март на истиот терен љубителите на фудбалот во државата ќе може да го проследат и настапот на селекцијата која го направи историскиот успех и се пласира на завршницата на Европскиот шампионат. Младите македонски фудбалери ќе одиграат контролен натпревар против Бугарија во терминот од 14 часот.
И тој натпревар ќе може да го следите низ директен пренос на Сител 3 телевизија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом