ФТ: ЕК сака централизирано биро за прием и одлучување по молбите за азил во ЕУ
Фајненшал тајмс објави денеска дека Брисел има намера да го централизира разгледувањето на барањата за добивање азил во држави од ЕУ, како дел од радикално менување на политиката спрема бегалците и мигрантите.
Весникот наведува дека иницијативата на ЕК може да разгневи евроскептични во Британија пред референдумот за членство во јуни бидејќи во тој потег гледаат намера за повеќе власт на Брисел.
Весникот успеал да се здобие со план на ЕК според кој биро не само што ќе предлага совети до националните влади туку и би било федерална агенција за обработка на сите барања за азил.
ЕК сакала да предложи две варијанти – Целосна промена на досегашниот систем во ЕУ при што сите кандидати за азил би биле распределени меѓу државите членки по квота-пронцип, независно од тоа во која држава прво пристигнале - и вториот - зачувување на сегашниот статус но со договор за распределување по квоти на молбите за азил во случај на нов бран кандидати во одделна држава.
Ново на Сител
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти