ФСБ: Украинец призна дека се работи за провокација
Руската Федерална безбедносна служба соопшти дека еден од притворените украински морнари признал дека пловењето на украинските бродови преку Керченскиот Теснец било провокација.
– Радио барањето (на руската крајбрежна стража) беше намерно игнорирано. На бродот имаше оружје и муниција. Бев свесен дека станува збор за провокативна акција, рекол украинскиот капетан трета класа Владимир Лесовој.
Тој додал дека им било наредено од Одеса да допловат до Мариупол.
ФСБ соопшти дека провокацијата во Керченскиот Теснец ја координирале двајца припадници на украинската служба за безбедност, и оти влезот на украинските бродови во „руски територијални води директно го наредиле властите во Киев“.
Украинските бродови прво ја известиле руската страна дека не планираат да поминат низ Керченскиот Теснец, стои во соопштение на ФСБ.
Руската армија во неделата отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.
Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.
Москва меѓутоа смета дека нејзините сили дејствуваше во согласност со меѓународното право и домашното законодавство. – Се работи за инвазија на странски воени бродови во територијалните води на Руската Федерација, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Керченскиот Теснец се наоѓа меѓу територијата на Русија и Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектира во 2014 година. Руската анексија на Крим не е меѓународно призната.
Ново на Сител
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск