Фрлени 45 тони сол на улиците во Општина Аеродром
Зимската служба на Општина Аеродром синоќа и во текот на ноќта интензивно го расчистуваше снегот од улиците и пешачките патеки што се под нејзина надлежност, при што беа фрлени околу 45 тони сол, информираат од општината.
Екипите го чистеа снегот од улиците и тротоарите во Горно и Долно Лисиче, во населбата Лисиче, кај поликлиниката „Јане Сандански“, околу трговскиот центар „Капитол“, „Три бисери“, „Скопјанка“, кај трговскиот центар „Бисер“, како и во населбите Мичурин и Острово.
Општината располага со две сопствени возила за зимско одржување на улиците, а дополнително за расчистување на тротоарите и автобуските постојки беа ангажирани и сезонски работници.
Зимската служба ќе ја следи состојбата и во текот на денот и ќе реагира согласно со условите на терен за да се обезбеди непречено движење на сите учесници во сообраќајот и поголема безбедност на граѓаните.
Истовремено, Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.
Ново на Сител
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос
-
Кривична против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на Табановце
-
Кривична за 60-годишник од Свети Николе кој вршел јавен превоз без лиценца
-
15-годишник од Охрид со моторцикл удрил во три лица, а потоа и во паркирано возило
-
19-годишно момче загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија
-
Приведен 44-годишник од Штип, управувал со возило под дејство на алкохол
-
Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната
-
Тошковски: СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона