Македонија
9. March 2023 - 16:36

Фридом Хаус: Македонија се уште е делумно слободна земја

Македонија останува хибриден режим. Фридом Хаус за минатата година земјава ја оценил со 47 од можни 100 бода за степенот на демократија. Бројките се на ниво на сите земји од опкружувањето. Глобалната слобода ни е оценета со 68 од можни 100 бода.

Политичките права се оценети со 29 од можни 40 бода, а граѓанските слободи со 39 од можни 60. Степенот на демократија минатата година е оценет со

Последниот резултат е најдобриот кој земјава го добила во последните 5 години.

Македонија и натаму продолжува да страда од корупција. Додека медиумите и граѓанскиот сектор учествуваа во динамичниот јавен дискурс, новинарите и активистите и натаму се соочуваат со притисоци и заплашување, се вели во преелиминарниот извештај.

Фридом Хаос како најслободни ги оценува земјите од Скандинавија кои имаат максимални 100 бода. САД имаат 83 бода, а Русија е оценета како неслободна земја со 16 поени а Кина има само 9.
Најлоши меѓу најлошите на листата на Фридом Хаус се Судан и Сирија со по само еден бод, Туркменистан има два а Северна Кореа 3 поени.