Фудбал
19. March 2019 - 12:50

„Франс Фудбал“ ги прогласи 50-те најдобри тренери

Авторитетното француско списание „Франс Фудбал“ направи истражување и ги прогласи 50-те најдобри тренери во светот.

Изданието прецизира дека споредбата помеѓу стратезите кои работеле во различни епохи на фудбалот и често се оддалечени со половина век разлика, е тешка задача. Затоа, беа користени неколку основни критериуми за да се утврди локацијата на секој тренер. Имињата биле споредувани по постигнати успеси, оставена трага во фудбалот, лично влијание врз фудбалерите и времетраење на кариерата. Веројатно ова е причината за отсуството на Франц Бекенбауер.

Па така на прво место на листата се најде легендарниот Холанѓанец Ринус Микелсен, кој прави револуција во фудбалот по средината на 60-тите години на дваесеттиот век, создавајќи го „тоталниот“ фудбал. Тоа е стилот, кој ја дефинирал и изградил фудбалската филозофија на други големи тренери, кои најдоа место во челото на листата – Јохан Кројф и Пеп Гвардиола.

Микелсен создава фудбалската филозофија на два големи фудбалски клуба – Ајакс и Барселона со кои заработува солидно количество трофеи. Освен тоа ја носи репрезентацијата на Холандија до европската титула во 1988 година и до второто место од Мундијалот`74.

Првите три се дополнуваат од Сер Алекс Фергусон, кој стана популарен низ целиот свет со својата работа во Манчестер Јунајтед, но не треба да се заборави дека пред тоа тој имаше значителни успеси на чело на шкотски Абердин. Трет е Ариго Саки, кој го претвори Милан во вистински хегемон во европскиот клупски фудбал на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години.

Од актуелните тренери, Гвардиола е на петтото место во листата. Карло Анчелоти е осми, а Жозе Мурињо е 13-ти.

Топ 50 најдобри тренери спорeд „Франс фудбал“:

1. Ринус Микелс (Холандија)
2. Сер Алекс Фергусон (Шкотска)
3. Ариго Саки (Италија)
4. Јохан Кројф (Холандија)
5. Пеп Гвардиола (Шпанија)
6. Валериј Лобановски (СССР / Украина)
7. Еленио Ерера (Аргентина / Франција)
8. Карло Анчелоти (Италија)
9. Ернст Хапел (Австрија)
10. Бил Шенкли (Шкотска)
11. Мат Базби (Шкотска)
12. Џовани Трапатони (Италија)
13. Жозе Мурињо (Португалија)
14. Мигел Муњоз (Шпанија)
15. Брајан Клиф (Англија)
16. Марчело Липи (Италија)
17. Нерео Роко (Италија)
18. Луи ван Гал (Холандија)
19. Отмар Хицфелд (Германија)
20. Бела Гутман (Унгарија)
21. Фабио Капело (Италија)
22. Зинедин Зидан (Франција)
23. Виктор Маслов (СССР / Русија)
24. Херберт Чапман (Англија)
25. Јуп Хејнкес (Германија)
26. Боб Пејсли (Англија)
27. Јирген Клоп (Германија)
28. Албер Бати (Франција)
29. Гус Хидинк (Холандија)
30. Удо Латек (Германија)
31. Диего Симеоне (Аргентина)
32. Арсен Венгер (Франција)
33. Винсенте дел Боске (Шпанија)
34. Џок Штајн (Шкотска)
35. Теле Сантана (Бразил)
36. Вик Бакингем (Англија)
37. Рафаел Бенитез (Шпанија)
38. Хенс Вајсвајлер (Германија)
39. Сер Боби Робсон (Англија)
40. Дитмар Крамер (Германија)
41. Мирчеа Луческу (Романија)
42. Томислав Ивиќ (Југославија / Хрватска)
43. Штефан Ковач (Романија)
44. Луис Арагонес (Шпанија)
45. Франк Рајкард (Холандија)
46. ​​Ото Рехагел (Германија)
47. Рамон Геталс (Белгија)
48. Марсело Биелса (Аргентина)
49. Антонио Конте (Италија)
50. Жан-Клод Суодо (Франција).