Македонија
18. November 2015 - 18:08

Франс-2: Париските терористи подготвувале напади и на аеродром и трговски центар

Екстремистичката група, против која беше извршена полициската операција во париското предградие Сен Дени, подготвувала и терористички напади на аеродромот „Роаси-Шарл де Гол“ и во трговскиот центар „Катр тан“ во квартот Дефанс, објави денеска француската телевизија Франс-2.

Телевизискиот канал се повикува на извори од истрагата. Според нив, подготовката на овие напади била почетен стадиум.