Французите им оддадоа почит на жртвите од нападите во Париз пред две години

Со цвеќиња, свеќи и тишина прекината од краток импровизиран концерт на американската група „Иглс оф дед метал“, Франција денеска им оддаде почит на 130-те жртви на нападите во Париз од 13 ноември 2015 година.
Утрото францускиот претседател Емануел Макрон, придружуван од сопругата Брижит и во присуство на својот претходник Франсоа Оланд, им оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад пред меморијалната плоча на парискиот стадион Стад де Франс.
Макрон и градоначалничката на Париз, Ана Хидалго, поставија венци од црвени, бели и сини цвеќиња пред спомен плочата посветена на португалскиот имигрант Мануел Дијаз, по што следеше едноминутно молчење.
Дијаз беше првата жртва на екстремистите на групата Исламска држава (ИД), кои на 13 ноември 2015 година нападнаа неколку париски кафулиња и концертната сала Батаклан.
Оланд, кој во тој период беше претседател на Франција, изјави дека ја слушнал експлозијата на стадионот каде што гледаше фудбалски натпревар, но не избегал за да не пртедизвика паника кај луѓето. За телевизијата „Франс-2“, Оланд рече дека оваа одлука „несомнено спасила живот на многумина".
Ново на Сител
-

Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
-

Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот
-

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
-

Од идниот месец во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност
-

Герапетритис: Грција изразува резервираност во однос на Одборот за мир на Трамп и е во консултации со ЕУ
-

Дел до автобусите на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинациии во приградските населби
-

Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
-

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено
