Француско МНР: Баку се согласи на мисија на ОН дури по егзодусот на Ерменците
Француските власти синоќа изразија жалење што Азербејџан дозволи мисија на ОН во Нагорно-Карабах дури по егзодусот на повеќе од 100. 000 Ерменци, јави Бета.
Портпаролот на ОН, Стефан Дујариќ, пред два дена кажа дека азербејџанската Влада и ОН се договориле викендов да испратат мисија која главно ќе ги проценува хуманитарните потреби, прва таква мисија „во последните 30 години“.
„Франција ја регистрира најавата на ОН за испраќање хуманитарна мисија за проценка на ситуацијата во Нагорно-Карабах“, соопшти француското МНР, додавајќи дека Азербејџан се согласил да го даде овој ограничен пристап „дури откако 100.000 Ерменци од Нагорно-Карабах беа принудени да избегаат во Ерменија, под соучесничкиот поглед на Русија“.
Речиси сите жители на Нагорно-Карабах ја напуштија областа по кратка офанзива на азербејџанската армија. Повеќе од 100. 000 лица избегаа во Ерменија поради стравот од репресии од Азербејџан.
Властите на енклавата во четвртокот донесоа историски декрет за нејзино самораспуштање на 1 јануари 2024 година, со што беше означен крајот на постоењето на самопрогласената „Република Нагорно-Карабах“ по повеќе од три децении.
Француското Министерство за надворешни работи ја потврди „својата посветеност да го поддржи суверенитетот и територијалниот интегритет на Ерменија каде што населението на Нагорно-Карабах најде засолниште“.
Француските власти оваа недела најавија дополнителна помош од 12,5 милиони евра за поддршка на бегалците и раселените лица во Ерменија и Нагорно-Карабах.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца