Француско-германски саем на детска литература
Францускиот институт во Скопје и Гете-Институтот Скопје организираат Француско-германски саем на детска литература, со наслов „Го читаме другиот“, којшто ќе се одржи во Скопје, Битола и Гостивар.
Саемот ќе биде отворен денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје од амбасадорите на Франција и Германија, Кристијан Тимоние и Кристина Алтхаузер.
Почесни гости на Саемот се четворица автори и илустратори на литература за млади, од кои двајца Французи и двајца Германци: Ан Малер, Јана Хајнике, Марк Бутаван и Патрик Хертвек.
Во рамки на програмата на саемот, ќе се одржат работилници, книжевни читања и дебати со гостите. Тој продолжува и утре, паралелно во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола и во Центарот за култура во Гостивар.
- Овој проект, поддржан од Француско-германскиот културен фонд, има цел да ја промовира книгата како фактор за културна отвореност и еманципација. Преку читањето на странски јазик младите се воведуваат во светот на туѓата култура, но и во структурата на туѓиот јазик, информираат организаторите.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка