Свет
7. March 2025 - 11:04

Француските борбени авиони Мираж-2000, донирани на Киев, за првпат одбија руски напад врз Украина

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека користеле борбени авиони Мираж-2000, донирани од Франција, првпат за одбивање руски напад.

-Вклучени се и борбени авиони, особено авионите Ф-16 и Мираж-2000.

Вреди да се напомене дека француските ловци, кои пристигнаа во Украина пред само еден месец, првпат учествуваа во одбивањето на нападот, се вели во соопштението на воздухопловните сили објавено на Телеграм, пренесоа украинските медиуми.

Претходно францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну изјави дека првите француски ловци Мираж пристигнале во Украина.