Францускиот предлог воопшто нема гаранции, смета Попоски
Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Попоски смета дека францускиот предлог воопшто нема гаранции, но тоа, како што рече, може да се релативизира.
-Ниту една земја членка кога го почнала процесот немала такви гаранции, единствена гаранција била – ќе станете земја членка. Кога – не се знае, во која форма – не се знае, под кои услови – не се знае, затоа е заедничката позиција на ЕУ, изјави Попоски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Според него, во овие услови никој ништо не гарантира и не треба да креираме очекувања дека сега некој ќе дојде и ќе ни каже „100 отсто сега вака ќе биде и по ваше“. Тоа, како што рече, нема да се случи.
Попоски смета дека има голем знак прашалник над нашите националните интереси и дека не треба да ги преувеличуваме ризиците.
-Нашиот фокус во овој момент е ако ние сме согласни меѓу сите политички партии во Парламентот, да упатиме барање директно до францускиот и до германскиот Парламент, до нивните собранија, тие да усвојат декларации, нивни декларации во кои ќе се повикаат на Универзалата декларација за човекови права и нашето право да имаме македонски јазик, да се чувствуваме како Македонци и во иднина тие да бидат дел од ЕУ, во оној момент кога ќе станеме земја членка, порача Попоски.
Попоски рече дека добро е што се покажува незадоволство и оти тоа мора да се артикулира некако и апелираше да бидеме внимателни, тоа да не се презентира како антибугарско чувство. Според него, ние немаме традиција на конфронтација со Бугарија и додаде оти во тој правец мораме да ја зачуваме традиција на соработка, култура и трпение на едни кон други.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
