Ракомет
16. August 2015 - 12:22

Француски Сесон победник на „Струга 2015“

Француската екипа Сесон е победник на 43.то издание на ракометниот турнир „Струга 2015“. Во синоќешното финале Сесон ја совлада екипата на Динамо Букурешт со 33:24. Кај победникот Брифе и Лебурал постигнаа по 5 голови, додека голманот  Бонфу имаше 14 одбрани.
Во натпреварот за третото место португалска Бенфика го победи македонскиот претставник Струмица со 31:27. Кај Струмица Чантурија постигна 7 голови, а голманот Трајковски имаше 17 одбрани. Репрезентативниот голман на Македонија Никола Митревски на голот на Бенфика дуелот го заврши со 6 одбрани.
Во дуелот за 5.место Замалек го победи Бешикташ со 29:24.