Француската Влада поднесе оставка

Француската Влада на премиерот Бернар Казнев вечерва поднесе оставка, која беше прифатена од актуелниот претседател Франсоа Оланд, јави дописникот на МИА од Париз.
Оставката на социјалистичката Влада е логична и вообичаена според француската политичка традиција, откако Уставниот совет официјално ги соопшти резултатите од претседателските избори одржани на 7 мај, на кои за претседател беше избран Емануел Макрон.
Оланд му се заблагодари на премиерот Бернар Казенев, кој ја извршуваше оваа функција од пред шест месеци.
- Сакам да ја поздравам активностите што ги презедовте од пред околу шест месеци како премиер и сакам исто така да ја потенцирам вашата лична улога што ја имавте во одлуките кои ги носевте во текот на петгодишниот мандат, посебно за да се гарантира безбедноста на земјата, оцени Оланд.
Владата на Казнев ќе ги извршува тековните задачи и обврски се до назначувањето на нова влада од страна на новоизбраниот претседател, највериојатно уште в недела, кога ја презема функцијата или најдоцна в понеделник.
Засега името на идниот премиер, како и составот на новата влада, Макрон ги чува во тајност.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
