Франција се затвора поради Ковид-19, нема влез во земјата
Според новите мерки за карантин, кои од денеска стапуваат во сила и ќе траат до 1 декември, границите на Франција ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ.
Францускиот премиер Жан Кастекс, објаснувајќи ги новите мерки, истакна дека граѓаните ќе можат да излезат од своите домови само за пазарење храна, заминување на работа или од здравствени и итни семејни причини.
Кастекс изјави дека во текот на траењето на новите мерки, вежбање на отворено ќе биде дозволено само еден час дневно. Тој додаде дека дури и децата над шест годишна возраст ќе мораат да носат заштитни маски за време на наставата.
Министерката за труд Елизабет Борн истакна дека ќе биде задолжително работењето од дома цела недела, освен кога тоа е технички невозможно.
Секој граѓанин кој ќе излезе од дома ќе мора да има документ со кој го оправдува својот излез, а проверките ќе ги врши полицијата.
Училиштата, за разлика од пролетниот карантин, ќе останат отворени, но универзитетите ќе се затворат.
Кафулињата и рестораните, исто така, ќе бидат затворени, како и продавниците, освен сервисите за поправка на автомобили, супермаркетите, пералните, оптичарските и фармацевтските работилници.
Јавните служби и понатаму ќе функционираат, а ќе бидат отворени и верските објекти, но прославите, како што се свадбите, се ограничени на мали групи.
Хотелите, исто така, ќе бидат отворени, но нивниот капацитет е ограничен на патувања од професионални причини.
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека во земјата повторно ќе биде воведен карантин на национално ниво во обид да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19, која се заканува да излезе од контрола.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат