Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани

Портокалов метеоаларм за топлотен бран е издаден за утре за два француски департмани, Еро и Источни Пиринеи, објави денеска националната метеоролошка служба „Метео-Франс“.
Предупредувањето е издадено откако рекорден топлотен бран ја погоди Франција кон крајот на јуни, пренесе БФМТВ.
Се очекува југот на земјата да доживее дополнителен пораст на температурите овој викенд, при што највисоките температури ќе достигнат 38 Целзиусови степени во Лангдок, се наведува во прогнозата на „Метео-Франс“.
Како што наведоа прогнозерите, периодот од 17 до 30 јуни претставувал „историски топлотен бран“, како по интензитетот и раниот почеток, така и по географскиот опсег. „Метео-Франс“ наведува дека јуни 2026 година бил најтоплиот јуни некогаш забележан во Франција, со просечна температура од 22,7 степени, што е за 3,8 степени повеќе во споредба со нормалите од периодот од 1991 до 2020 година.
Тогаш, дури 72 департмани беа истовремено ставени под црвено предупредување за топлотен бран, што е ниво без преседан од основањето на системот за предупредување во 2004 година, покажуваат податоците на „Метео-Франс“.
МИА
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
