Франција не сака „одново одлагање” на Брегзит

Франција не сака „одново одлагање” на Брегзит и го замолува Лондон „да најде решение пред 31 октомври”, изјави денеска советник на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Британците ќе учествуваат на европските избори, тоа е дискутабилно, но тешко е да се поверува дека процесот (за Брегзит) ќе заврши пред 23 мај, нагласи претставникот на Елисејската палата.
Според него, како што јави дописникот на МИА, изборите за членови на Европскиот парламент би можеле да бидат политички шок, што „ќе доведе до транспарентен договор пред 30 јуни“.
– Но, ако ситуацијата не биде разјаснета на 31 октомври, кога се формира Европската комисија, нема да организираме серија самити за Брегзит, додаде тој.
Велика Британија првично требаше да ја напушти Европската унија на 29 март, но мораше во два наврати да го одлага датумот на истапување од блокот, затоа што британската премиерка Тереза Меј не успеа да обезбеди поддршка од пратениците во Долниот дом на Парламентот во Вестминстер за Договор за Брегзит, што лани во ноември го постигнаа Лондон и Брисел.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
