Франција ќе наградува со државјанство по брза постапка странски здравствени работници
Франција ќе ги награди странските здравствени работниви и други странци кои работат на првата линија во борбата со пандемијата со Ковид-19 со тоа штоќе им обезбеди државјанство по брза процедура за оние кои ќе побараат.
Според Упатствата од Министерството за внатрешни работи, регионалните претставници мора да дадат предност на апликации за државјанство на странци кои се активно вклучени во националните напори против епидемијата во која има речиси 31.000 смртни случаи во Франција.
Упатствата велат дека странците кои се посветени и смели во своите напори против коронавирусот можат да добијат државјанство за две години наместо вообичаените пет заради нивните значајни услуги кон државата.
Во документите се мпосочени посебно здравствените работници. Во упатствата не се споменува колку луѓе би можеле да имаат корист од ова решение.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски