Балкан
18. July 2015 - 11:55

Франција ќе испрати три канадери во Грција

Пожарникарските екипи продолжуваат со гаснење на 59 шумски и 99 пожари во урбаните области во Грција.

Грчките власти се обратија кон земјите-членки на Европската унија за помош во борбата со пожарите.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казњов изјави дека денеска ќе испрати три канадери за Грција.