Франција до Нова година ќе го ратификува протоколот за НАТО
Претседателот Пендаровски во Париз со збиена агенда. На маргините на Мировниот форум, ке одржи состаноци со генералниот секретар на ООН Гутереш, австриската канцеларка Биерлејн, рускиот министер за надворешни работи Лавров, но секако во фокусот ке биде средбата со францускиот колега Макрон.
Пендаровски, пред заминувањето во Франција, изјави дека ова е добра прилика од прва рака да слушне за мотивите на Макрон за одлуката за блокирање на пристапниот процес, но и и за новата методологиија на преговарање.
Тој очекува на маса да бидат ставени ставовите на двете страни, при што македонија останува на позицијата дека нема да прифати алтернативни планови, туку само интеграција.
Во мегувреме се погласни се европските земји кои бараат од Франција да го ревидира својот став кон Македонија и Албанија. Проширувањето и официјално ке биде на агендата на министерскиот Совет закажан за 19 ноември, благодарение на притисокот на Италија, Полска, Австрија и Чешка.
Сепак Макорн ке го има главниот збор, а од Париз се очекува и потпис за македонското пристапувањето кон НАТО. Франција, Холандија и Шпанија се последните трите земји кои се уште не го ратификувале протоколот за Алијансата. Се очекува холандскиот сенат тоа да го направи утре, а амбасадорот Тимоние уверува дека процедурата е пред крај и во Франција.
Останува неизвесно дали шпанскиот парламент ке го ратификува протоколот до самитот на НАТО во Лондон, на трети и четврти декември, за да може Македонија на големи врати да влезе во Сојузот. Резултатите од вчерашните избори не ветуваат дека решението на политичката криза во Шпанија ке заврши во блиска иднина.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар