Ракомет
26. January 2017 - 23:26

Франција 2017: Светскиот првак ќе го брани златниот медал

Ракометната репрезентација на Франција се избори за финалето на СП откако вечерва во полуфиналето во Париз ја победи Словенија со 31:25 (15:12). Победникот на полуфиналето беше решен за десетина минути, а водството „експертите“ го имаа под контрола.

Недим Ремили со 6 голови беше најефикасен кај „триколорите“, додека Јуре Доленс со 5 голови кај Словенија беше најпрецизен.
Ова за Франција е седмо финале на последните 13 светски првенства. 
Во второто полуфинале утре од 20:45 часот во Париз ќе играат Хрватска и Норвешка.