Фрај: Време е опозицијата и власта да најдат заедничко решение за доброто на државата
Македонија во моментов се наоѓа во многу одлучувачки период по референдумот минатата недела. Треба да се донесе одлука за иднината на државата и тоа долгорочно гледано. Дојдено е време кога опозицијата и Владата треба да се потрудат да најдат политичко заедничко решение, порача денеска во Скопје пратеникот во германскиот Бундестаг Торстен Фрај.
- Јас едноставно имам разбирање за тоа што во Македонија на луѓето им е тешко во однос на Спогодбата со Грција. Добро ве разбирам бидејќи се работи делумно за национален идентитет. Сепак, сметам дека е важно да се разгледаат алтернативите и можностите. Можно ли е навистина да се постигне подобра Спогодба, можно ли е да се оди по патот на интеграција во ЕУ и НАТО без оваа Спогодба. Ако сме искрени, ми се чини дека треба да кажеме оти ваква шанса нема да има доколку не се постигне Спогодбата. Тоа е одлука на македонскиот народ и одлука што треба да ја донесе македонското Собрание, истакна Фрај на денешниот Втор македонско-германски форум „Градиме мостови - политики и економија“.
Според него, во овој момент треба да се донесе одлука за иднината на државата и дојдено е време кога опозицијата и Владата треба да се обидат да најдат политичко заедничко решение.
- Не се работи за тоа поединечни пратеници да се поткупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата. Од мое гледиште сметам дека Владата и опозицијата треба заеднички да најдат добро решение за добро на државата, им порача Фрај на македонските политичари во Скопје.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево