Фотографија на татко и син воодушеви 3 милиони луѓе – и вас ќе ве разнежи!

Прекрасна фотографија на еден татко кој на дожд држи чадор над неговиот син додека самиот кисне стана вистинска интернет сензација откако била поделена на социјалната мрежа Имгур. Под едноставен наслов “Татковци“ оваа фотографија на најдобар начин ја покажува пожртвуваноста на сите татковци ширум светот.
За сега фотографијата ја погледнале повеќе од 3,6 милиони луѓе ширум светот, а таткото кој наводно е фотографиран во Ванкувер во Канада се уште е непознат, иако на социјалните мрежи се шири акција за пронаоѓање на овој човек. Тој, сосема несвесно, со една фотографија стана симболот на пожртвуваноста и вистинската љубов каква што само татко може да и ја даде на своето дете.
Момчето, кое шета покрај таткото во маичка на куси ракави и без јакна, очигледно не очекувајќи ваков пороен дожд, за сега веројатно воопшто не е свесен за величествениот потег на неговиот татко, кој во меѓувреме стана еден вид херој, но и тоа како е задоволно што не мора да кисне.
На таткото од друга страна , воопшто не му пречи што работната гардероба целосно му станува проѕирна од дождот и што актовката и се она што се наоѓа во неа се бањаат во вода – важен му е само неговиот син.
-Ајде еден голем аплауз за татковците ширум светот!
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
