Фотографија која спаси илјадници животи, еве како
30-годишната Мелани Вилијамс на Фејсбук постираше фотографија која може да ви го спаси животот. Таа на почетокот мислела дека има габична инфекција на палецот, но по прегледите дознала дека во прашање е најлошиот кошмар за секој човек - рак!
Таа ја сподели фотографијата со објаснување „го гледате мојот палец. Знате ли што е тоа, Тоа е рак на кожата“, објасни таа,
Таа нагласи и поради што сакала да ја сподели својата мака.
-Можеби немаше да имам толкав проблем веднаш да отидев на лекар. Не сакам да ме сожалувате, сакам да ви ја променам свеста. Ве молам проверете ги сите израстоци на кожата и кажете им на луѓето околу себе да ги контролираат Не препуштајте ги на случајот, напиша таа.
Таа рече дека ако почекала уште малку ќе загубела повеќе од палецот.
-Ве молам не оставајте коментари за тоа како ви е жал или колку сум храбра. Споделете го ова, може некому ќе му спасите живот, напиша жената на која ќе и отстранат дел од палецот.
Фотографијата беше споделена илјадници пати и имаше над 16.000 лајкови.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога