ФОТО: Овие луѓе го нападнаа Вучиќ во Сребреница

МВР на Република Српска ги објави фотографиите на кои се гледаат лицата за кои постои основано сомневање дека учествувале во нападот врз премиерот на Србија Александар Вучиќ на 11 јули во Поточари кај Сребреница, пренесува Блиц.рс.

МВР ги повика граѓаните заради потврда на идетитетот, доколку имаат некакви сознанија за овие лица, тоа да го пријават во најблиската полициска станица, јави РТ на Република Српска.

МВР, како што се наведува, од Специјалното обвинителство долбило налог за спроведување истрага против НН лица за кривични дела кои се сторени за време на комеморативниот собир во Поточари, кога брутално беше нападнат српскиот премиер.

Специјалното обвинителство бара расветлување на делата „тешко убиство во обид“, „поттикнување на тешко убиство“, „загрозување на безбедноста“, „попречување на службени лица при вршење на должност“, „напад врз овластени службени лица“ и Ќпредизвикување верска и расна нетрпеливост“.
МВР на Република Српска, како што се наведува, интензивно работи на идентификувањето на овие лица.

-Тука имаме дваесетина лица, некои информации имаме, некои немаме, но ги имаме ликовите па ќе продолжиме да разменуваме податоци со агенциите во Босна и Херцеговина и со колегите од Србија. Секоја квалитетна фотографија е добредојдена за идентификација на оние кои учествуваа во обидот за убиство, а и на оние кои вршеа поттикнување, вели директорот на полицијата на Република Српска Гојко Васиќ за „Блиц“.
Тој изјави дека на видео снимката се гледа кој што прави и сега се прави се за до судот да се достават квалитетни докази за тоа кој каква улога имал во инцидентот.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
