Македонија
23. March 2019 - 8:34

Форум за примена на постапките за стерилизација, нивно следење и контрола

Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација денеска во Скопје организира стручен настан на тема „Примена на постапките за стерилизација, нивно следење и контрола на стерилизација” .
 
Предавачи на настанот се експерти од областа на стерилизацијата од нашата земја, како и од Словенија, Бугарија и Србија.
 
Предвидено е да се одржи и дискусија за најавеното јавно – приватно партнерство за стерилизација во здравствените установи.
 
Асоцијација за дезинфекција и стерилизација постои веќе 10 години и е членка на Светскиот форум за стерилизација (WFHSS).

Ново на Сител