Форум: Опкружувањето за граѓанските организации во 2018 година
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во 2018 година ќе биде презентиран денеска на форумот во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Цивика мобилитас.
Дел од клучните случувања на ова поле кои ја одбележаа минатата година, како што се наведува во соопштението на организаторот беа затворањето на инспекциите за 22 граѓански организации, изземањето на организациите како субјекти од Законот за данок на добивка, новиот Закон за личен доход, воспоставувањето на Советот за соработка, зголемената висина на средствата доделени преку Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт.
Покрај презентацијата на наодите од Извештајот, на форумот ќе се дискутира за вклучувањето на организациите во креирањето политики, особено при носењето закони, како и за регионалните предизвици за развој на граѓанското општество.
На овие теми ќе дискутираат Симона Огненовска од МЦМС, која го подготви Извештајот за овозможувачка околина, Гордана Гапиќ Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација и Билјана Спасовска од БЦСДН.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух