-->
-->
Формиран Централен изборен штаб на Коалицијата за промени и правда
-->
Коалицијата за промени и правда на средба утврдила Предлог програма за претстојните парламентарни избори и формирала Централен изборен штаб, со кој ќе раководи Драгана Букилица.
Од Коалицијата, која ја сочинуваат Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-работничка партија, денеска соопштија дека се определиле за позитивна предизборна кампања и оти ќе дадат придонес за создавање услови за фер, демократски и кредибилни избори.
На средбата е договорено да се забрзаат сите активности околу претстојните избори и да започне постапката за предлагање кандидати за пратеници.
Коалицијата соопшти дека остануваат отворени за соработка за окрупнување, но, како што нагласуваат, на принципиелни програмски определби: за системски промени и одговорност за креаторите на кризата, борба против корупцијата и долгорочна стабилизација на државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот