„Форин полиси“: Турција не им предала на САД докази за врската на Ѓулен со обидот за преврат
Турција признала дека до овој момент на САД им нема предадено докази за инволвираноста на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен во обидот за државен преврат од 15 јули, пишува списанието „Форин полиси“.
Доказите за врската на Ѓулен со обидот за преврат „ќе бидат предадени кога за тоа ќе дојде време“, за списанието изјави претставник на турската амбасада во САД.
-Невозможно е да се испратат такви докази за само неколку дена по обидот за преврат, подвлече тој.
Од дипломатската мисија, исто така, појаснуваат дека Анкара до Вашингтон испратила барање за предавање на Ѓулен „уште пред неуспешниот преврат од 15 јули“.
-Ѓулен веќе се наоѓаше под сомненние за создавање на терористичка организација и незаконски активности против државата, пред да биде направен обидот за преврат, посочи цитираниот претставник.
Ново на Сител
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот