Живот
7. September 2017 - 18:32

Форензичарите објавија слика - вака би изгледала принцезата на 56 години

Да не загинела во далечната 1997 година, денес принцезата Дајана би наполнила 56 години.Оваа принцеза беше најобожувана принцеза од народот. Ви откриваме и детали кои не и се познати на јавноста.

Сестрата на Дајана е виновникот поради кој Дајана и Чарлс се запознале, бидејќи таа била во врска со него.

Прицезата Дајана била заљубена во принцот Чарлс толку многу, што дури имала и негова фотографија над креветот. Нивната врска започнала кога таа имала 18 години, а тој 30. Кога се вериле, таа избрала прстен од каталог, а не прстен кој специјално бил правен за неа, што предизвикало скандал во јавноста.

Нејзината венчаница се состоела од 10.000 ситни бисери и вел долг 76 метри, најдолг во кралската историја.

Таа го променила и начинот на школување на децата. Според традицијата принцовите ги учеле приватни учители и гувернанти, но Дајана инсистирала Вилијам да оди во забавиште во Лондон.

Според нејзиниот личен готвач, та имала многу неформален пристап со нејзините вработени. Вака им се обраќала: „Дарен, ми се пие кафе. Ох, па ти си зафатен. Сама ќе си направам. Сакаш и ти?“

На 31. август загина во сообраќајна несреќа во Париз. Нејзиниот партнер и нејзиниот возач, загинале заедно со неа.

Еве како таа би изгледала денес да не загинела. Фотографијата е толку реална, што дури е и застрашувачки. Некои луѓе тврдат дека ја виделе и во живо. Фотографијата е навистина автентична.