Фонсека ги обвини судиите за поразот од Аталанта
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека го критикуваше судењето во поразот (1:2) од Аталанта синоќа на гостински терен во 15. коло од Серија А.
Фонсека доби жолт картон поради несогласување со одлуката на судијата Федерико Ла Пена да го уважи првиот гол на домаќините. Португалецот е убеден дека стрелецот, Шарл де Кетеларе, направи прекршок врз дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез пред да ја упати топката во мрежата.
-За разлика од другите, јас никогаш не ја коментирам работата на судиите. Но, денес ми здодеа да молчам и да гледам што се случува. Во епизодата со првиот примен гол имаше очигледен фаул, во тоа нема сомнеж. Работата на судијата беше јасно насочена против Милан. И тоа не се однесува само на денешниот натпревар. Прифаќам дека да се биде судија е напорна работа, но уморен сум да гледам како се носат исти одлуки против одредени клубови. Тие (судиите) не се сомневаат во другите клубови, но против Милан секогаш се однесуваат вака. Тие не покажуваат почит кон Милан. Овој фаул ја смени играта - противникот поведе по гол кој требаше да биде поништен. Штета што морам да зборувам за судењето, но оваа ситуација ме налути. Ова се случува секоја недела, изјави Фонсека.
Милан има 22 бода од 14 натпревари и е на 7. место. Аталанта изби на првата позиција со 34 бода.
Ново на Сител
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол