Фон дер Лајен: Земјите од ЕУ да предложат по двајца кандидати за еврокомесар
Новоизбраниот претседател на Европската комија, Урсула фон дер Лајен побара земјите од ЕУ да и предложат по двајца кандидати за еврокомесар – жена и маж, потврди заменик претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, кој ќе остане на истата функција и во идниот состав на ЕК.
Во текот на неделава Фон дер Лајен изјави дека новата Комисија ќе има ист број еврокомесари мажи и жени. Таа настојува државите да ги предложат најдобрите кандидати и предупреди дека ќе отфрли кој било предлог доколку утврди дека не одговара на поставените обврски.
Пред околу еден месец тогашниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер првпат откри дека во 2014 година отфрлил шестмина кандидати за еврокомесари, а 10 кандидати предложил сам. Тој објасни дека досега тоа никому не го кажал со цел да се избегнат внатрешнополитички последици. Јункер настојува за ограничување на бројот на еврокомесарите, што според него треба да изнесува „повеќе од 17 и помалку од 20“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025