Фон дер Лајен за ФАЦ: Поединечните набавки на вакцини ќе ја загрозат ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повторно ги призна можните пропусти во набавката на вакцините, но истовремено отфрли дека тие биле нарачани предоцна и предупреди дека ЕУ уште денеска мора да се подготви за сценарио во кое вирусот веќе да не може да биде доволно потиснат од сегашните вакцини.
-Навремено да научевме за тешкотиите во масовното производство на вакцините, тогаш порано ќе ги намалевме преголемите очекувања за брза вакцинација на сите нивоа, рече Фон дер Лајан во авторскиот текст за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Таа истакна дека уште денеска е потребно да се подготвиме за сценарио во кое вирусот веќе нема да може да биде доволно контролиран од сегашните вакцини и додаде дека затоа ЕУ тесно соработува со науката и индустријата за што поскоро да се развијат вакцините против идните соеви на вирусот.
Како лекција од минатогодишните пропусти, таа порача дека под итно треба да се прошират производствените капацитети во Европа. Притоа додаде дека е непромислено да се мисли дека побрзото постигнување на договорите за вакцини ќе доведеше до побрзи испораки.
Според неа, проблемот е во сложениот процес на производство и недостатокот на важни состојки.
-Да, можеби е потребно подолго време за одлуките да бидат донесени од 27-те членки, призна претседателката на Европската комисија.
Таа рече дека Германија и другите земји можат да купуваат вакцини самостојно, но со можни последици за единството на Европа, заедничкиот пазар и просперитетот.
-Тоа би ги загрозило темелите на Европа, рече Урсула фон дер Лајен.
Ново на Сител
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
