-->
-->
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-->

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека утре ќе објави план за повторно вооружување на Европа.
– Утре преку писмо ќе ги информирам земјите членки (на ЕУ) за план за повторно вооружување на Европа.
Потребно ни е масовен поттик на одбраната, нагласи Фон дер Лајен во одговор на новинарско прашање за идните одбранбени планови ЕУ, при денешната презентација на Стратешкиот дијалог за европската автомобилска индустрија.
Фон дер Лајен нагласи дека несомнено сите сакаме траен мир во Европа, но дека таков мир може да се постигне само преку зајакнување. – Треба да почнеме прво со зајакнување на самите себе.
Тоа е и целта на планот што ќе им го претставам утре на земјите членки, додаде Фон дер Лајен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
