Фон дер Лајен: Само обединета ЕУ може да биде силна

Избраната претседателка на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска од Загреб порача дека нејзините политички цели се да се урамнотежат истокот и западот, северот и југот, малите и поголемите членки на Европската Унија.
– Ако сме обединети, напредни, силни, ако зборуваме со силен европски глас, можеме да успееме, изјави Фон дер Лајен пред средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Таа на функцијата официјално ќе стапи во октомври, и со тоа ќе стане првата жена на таа должност. Фон дер Лајен побара од земјите членки на ЕУ до 26 август да ги достават своите кандидати за европски комесари, но досега тоа го направиле само 16 од вкупно 28. Исто така, таа бара секоја земја да предложи по двајца кандидати – еден маж и една жена, но засега тоа не се почитува.
Фон дер Лајен пристигна во Загреб по посетата на Берлин, Париз и Варшава и истакна дека ѝ било многу важно да дојде во хрватската престолнина по тие три града, бидејќи „Хрватска е најмлада членка на ЕУ, но е извонредна“.
– Фактот што на почетокот на следната година ќе претседавате со ЕУ, покажува дека Хрватска е исклучителна приказна за успехот на Европската Унија и оти може да биде пример за други држави, посочи следната претседателка на ЕК. Хрватска ќе претседава со ЕУ во првата половина на 2020 година, а по неа кормилото го презема Германија, земјата од каде што доаѓа Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
