Фон дер Лајен: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик
Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Заедно со пораката, Фон дер Лајен го ретвитна и делот од своето вчерашно обраќање во Скопје, каде пред пратениците во Собранието порача „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам“.

Претходно денеска портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант одби да даде прецизен одговор дали Европската Унија го признава македонскиот јазик.
Одговарајќи на новинарско прашање Спинант рече дека вчера претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен говорела за „јазикот што го користат луѓето во Северна Македонија“.

– Изјавата на претседателката значи тоа што значи. Таа зборува за јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик. За импликациите што ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како, на пример, Договорот за Фронтекс, ќе прашам, проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве информирам, сега засега нема ништо ново, рече Спинант.
На дополнително прашање дали вчерашната изјава на Фон дер Лајен значи дека Европската комисија го признава јазикот како македонски, Спинант рече дека не сака да се впушта во интерпретација на сите синоними во изјавите на претседателката на ЕК.
По изјавата на Спинант Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи на Фејсбук објави дека портпаролката на ЕК направила крајно непрофесионален гаф.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
