Фон дер Лајен: Македонија и Албанија требаше да започнат со преговорите
– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен веднаш по изборот на составот на Комисијата од страна на Европскиот парламент, пред новинарите изјави дека Македонија и Албанија заслужија да започнат со преговори, јавува дописникот на МИА.
– Целосно сум убедена дека е во наш стратешки интерес да ги приклучиме земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите. Ние побаравме многу од овие земји. Сега треба да се убедат сите во Советот на ЕУ, рече претседателката на ЕК.
Според неа, легитимно е Советот да поставува прашање за процесот на проширувањето, но оти за двете земји новите правила не треба да важат.
-Го поздравувам тоа што процедурите за проширување се ставени на масата. Тоа е право на Советот. Но, за Македонија и Албанија, од кои побаравме длабоко да се реформираат и трансформираат, заслужуваат да не ги менуваме правилата кои им ги дадовме претходно, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Ново на Сител
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот