Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

Денес, 75 години по објавувањето на Шумановата декларација, Европа е повеќе од Унија, таа е наш дом и можеме да бидеме горди на неа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео порака по повод Денот на Европа – 9 мај.
– Пред точно 75 години, еден визионерски лидер предложи Шумановата декларација да биде првиот чекор кон нашата Европска Унија и тоа беше почеток на најдолгата ера на мир во нашата историја, истакна Фон дер Лајен.
Според неа, дури и во време на глобална несигурност, Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува.
– Ние сме уникатна демократија на 27 земји и 450 милиони, имаме солидна и динамична економија, но исто така и чист воздух, чисти училишта и слобода на говорот. Живееме подолг и поздрав живот од кое било друго место во светот и сме толку атрактивни што 12 земји се на листата на чекање за да се приклучат на нашата Унија. Па затоа да живее Европа и среќен Ден на Европа, нагласи Фон дер Лајен во пораката.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
