Фон дер Лајен: ЕУ сака да биде партнер на САД во обезбедувањето праведен и траен мир за Украина
Европската Унија сака да биде партнер со САД за да се обезбеди праведен и траен мир за Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по нејзината денешна средба во Брисел со специјалниот американски пратеник за Украина и Русија, генералот Кит Келог.
– Финансиски и воено, Европа придонесува (за поддршка на Украина) повеќе од кого било друг. И ќе ја зајакнеме. Сега е критичниот момент, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.
Европската комисија соопшти дека на средбата со Келог, Фон дер Лајен ја нагласила клучната улога на ЕУ во обезбедувањето на финансиската стабилност и одбрана на Украина, со вкупна поддршка од 135 милијарди евра (околу 145 милијарди долари), што е повеќе од кој било друг сојузник.
Во соопштението се додава дека ова вклучува и 52 милијарди долари воена помош, што е на ниво на американската поддршка за Украина.
– Претседателката фон дер Лајен истакна дека ЕУ целосно го покрива својот дел од воената помош за Украина и е подготвена да направи уште повеќе.
Таа ги истакна плановите на Европа за зголемување на производството и трошоците за одбрана, зајакнувајќи ги европските и украинските воени капацитети, се наведува во соопштението.
Потврдувајќи ја посветеноста на ЕУ за праведен и траен мир во Украина, Фон дер Лајен повторила дека при тоа мора да се почитуваат украинските независност, суверенитет и територијален интегритет, поддржани со силни безбедносни гаранции.
– Таа, исто така, ја изрази подготвеноста на ЕУ да работи заедно со САД за да се стави крај на крвопролевањето и да помогне да се обезбеди праведен и траен мир, што Украина и нејзиниот народ со право го заслужуваат, се додава во соопштението на Европската комисија.
Келог вчера во Брисел се сретна и со еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус, како и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер