Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека за тоа телефонски разговарала со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Русија немилосрдно го гаѓа Киев, обидувајќи се да го оневозможи секојдневниот живот на неговите жители. Стоиме со нив. И со сите Украинци. Утре ќе ѝ исплатиме на Украина уште 3,3 милијарди евра за набавка на ракети и дронови“, изјави Фон дер Лајен во соопштение објавено синоќа на интернет-страницата на Европската комисија.
Таа рече дека минатата недела е одобрено финансирање од ЕУ за системи „Патриот“, преку Заемот за поддршка на Украина, кој за оваа и за наредната година изнесува 90 милијарди евра, но и дека „очигледно е потребно повеќе“.
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ е подготвена да ги искористи преостанатите средства од програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ) за започнување нова програма за заеднички одбранбени проекти на ЕУ и Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
