„Фолтин“ вечер ќе настапи на „Битфест“

Битолската група „Фолтин“ вечер ќе настапи на „Битфест“ на летната сцена на Тумбе кафе.
- Музиката на „Фолтин“ е духовита, страсна и жива, создава жешка танцувачка атмосфера преку брзите ритми. Нивниот пристап во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален. Освен на македонски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре, наведува организаторот на „Битфест“ во најавата за нивниот концерт.
Во составот на „Фолтин“ се: Пеце Николоски, Бранислав Николов, Пеце Трајковски, Гоце Јованоски, Славчо Јовев и Маријан Станиќ. Постојат 18 години, имаат седум самостојни албуми, музика за над дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија и во повеќе земји од светот. За нивната работа и неколкупати се наградувани.
Последниот албум „Пијан славеј“ излезе годинава, во продукција на НУ Центар за култура од Битола.
Ново на Сител
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
-

Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
-

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
-

Лагард: Европа реагира предоцна во кризите
-

По масовниот прилив на мигранти во Сеута за 650 отсто зголемени пријавите за сексуални напади
-

Кривична за тројца полициски службеници кои малтретирале малолетник во Охрид по обид за бегство со мопед
-

Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации
